Баерн со 3-2 го доби интересниот бундеслигашки дуел со Лајпциг. Трагичар на средбата беше Јошко Гвардиол, бидејќи по шутот на Серж Гнабри, топката го закачи Хрватот и го смени правецот, измамувајќи го голманот на Црвените бикови за 3-2.
За Баерн погодуваа и Милер и Левандовски, Лајпциг успеваше да израмни на 1-1 и 2-2, но сепак трите бода ги освоија Баварците.
Голманот Мануел Нојер дојде до 310 победи во Бундеслигата и го изедначи рекордот на Оливер Кан. Можеби веќе во следното коло Нојер ќе влезе во историјата како човек со најмногу победи во германската прва лига.
https://twitter.com/i/status/1490039205744967681