Баерн уште еднаш покажа дека е мајстор за трансфери и си донесе екстра засилување од Сити

Португалскиот репрезентативец Жоао Кансело вториот дел од сезоната ќе го помине на позајмица во Баерн Минхен.

Помалата минутажа што ја добива во Манчестер сити иако минатата сезона беше во тимот на Премиер лигата, го натера Кансело да побара трансфер и тука челниците на Баерн Минхен покажаа дека се мајстори на својот занает.

Баварците се договорија со Сити за шестмесечна позајмица на десниот бек со можност на крајот од сезоната и да го откупат неговиот договор.

Баерн го пикира Кансело уште додека го носеше дресот на Јувентус, но тогаш Португалецот одлучи да потпише за Манчестер сити.

Вредноста на Кансело се проценува на 70 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести