Баерн уште еднаш покажа дека е мајстор за трансфери, нападот од идната сезона ќе го предводи трагичарот на Франција од СП

Челниците на Баерн Минхен, уште еднаш покажаа дека се мајстори за трансфери, посебно кога станува збор за играчи кои настапуваат во Бундеслигата и договорија фантастичен напаѓач за следната сезона.

Германските медиуми денеска пишуваат дека управата на Баерн начелно постигнала договор со напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Рандал Коло Муани, од следната сезона да се пресели на „Алијанц арената“.

Во Ајнтрахт се свесни дека тешко ќе успеат да го задржат Коло Муани и следната сезона по интересот на Баерн и на неколку премиерлигаши. Баерн е подготвен да плати отштета од 70 милиони евра.

Коло Муани игра фантастично сезонава во дресот на Ајнтрахт, и на 36 натпревари постигна 17 гола, а има и 14 асистенции.

Коло Муани беше дел од репрезентацијата на Франција на Светското првенство што се одржа во Катар и ед еден од најголемите трагичари на Галските петли бидејќи во 120-та минута од финалето, излезе сам пред голманот Емилијано Мартинес, но не успеа да ја затресе мрежата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести