Баерн Минхен вечерва во полуфиналето на Лигата на шампионите против Лион ќе игра во црвени дресови. Клубот од Минхен се пофали со тоа на социјалните мрежи, а случајно или не, како дрес со кој ќе играат го прикажа оној на Хави Мартинес, со бројот 8. Ова е провокација до Барселона на која Баерн и даде 8 гола и закана кон Лион дека можеби истото или нешто слично го чека вечерва.