6047 Баерн Минхен – Тигрес (19ч)
Баерн е апсолутен фаворит во финалето од Светското клупско првенство против екипата која за првпат се најде во ситуација да се бори за оваа титула. Иако Тигрес досега пријатно ја изненади фудбалската јавност со пласманот во големото финале, факт е дека мексиканскиот тим тешко ќе помине во пресметката против Баварците, кои се во серија од шест победи во сите натпреварувања.
Флик располага со комплетно здрав тим кој во победничката серија забележа гол-разлика од 14-2 и е на добар пат да ја освои втората светска титула во својата историја, која ја чека од 2013 година.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.92)
1107 Вулверхемптон – Саутхемптон (18:30ч)
Светците во претходната рунда го елиминираа бранителот на ФА купот Арсенал, па сега со голема самодоверба ќе им гостуваат на Волците, кои исто така посакуваат успех во најстарото фудбалско натпреварување во светот.
Двете екипи се познати по тоа што во меѓусебните дуели редовно приредуваат неизвесни битки исполени со голови. Така барем беше во нивните четири последни средби во кои се видоа вкупно 13 погодоци во лигашки рамки.
Вулвс и Саутхемпон од 2003 година немаат играно меѓу себе во рамките од ФА купот, тогаш тимот од „Сент Мери“ славеше со 2-0, додека пак 13 години се чека на гостинска победа на Саутхемптон против тимот кој моментално го предводи Нуно Еспирито Санто.
Предлог тип: ГГ прво/второ (2.45)
1108 Барнсли – Челзи (21ч)
Челзи по вторпат оваа сезона ќе има прилика да оствари голем триумф против второлигашот, кого веќе го потопи со 6-0 во раната фаза од Лига купот на Англија. Сега Сините ќе бидат во улога на гости, но тоа не треба да биде проблем за нив ако се знае дека лондонската екипа влезе во добра форма откако Томас Тухел го презеде кормилото.
Во четири меча со Германецот како менаџер, Челзи оствари три победи и едно реми, притоа дозволи само еден гол во својата мрежа, односно тоа беше автогол на Рудигер изминатиов викенд против Шефилд. Барнсли не е во добра форма и бележи само еден триумф во последните пет меча во сите натпреварувања.
Предлог тип: 2 сигурна (2.14)
1351 Атлетик Билбао – Леванте (21ч)
Финалистот од минатосезонското финале во шпанскиот Куп, кое поради пандемијата со корона-вирусот уште се нема одиграно, против тимот на Енис Барди ќе се обиде да обезбеди ново финале, второ во низа. Овој интересен двомеч кој ќе трае најмалку 180 минути може да биде историски за македонскиот репрезентативец, кој првпат во кариерата откако игра за Леванте се најде во ситуација да се бори за пласман во меч во кој би можел да освои голем трофеј.
Леванте на последното гостување на „Сан Мамеш“ во октомври минатата година загуби со 2-0 во лигашки рамки, тоа беше четврти последователен пораз на тимот од Валенсија против Билбао.
За Баскијците нема да игра клучниот Икер Мунијаин, но и кај Леванте отсуствуваат неколку првотимци, па затоа Барди ќе треба да одигра на врвно ниво и да му помогне на својот тим да оствари поволен резултат во пресрет на реваншот.
Предлог тип: 1X & 0-2 (2.15)
2868 Ешторил – Бенфика (21:15ч)
Бенфика спасот на сезоната го бара во Португалскиот куп, каде што уште во првиот полуфинален дуел ќе брка позитивен резултат на гости кај Ешторил. За лисабонските Орли е добро што немаат претрпено пораз во вкупно 18 меѓусебни средби против оваа екипа, односно имаат биланс од 16 победи и само две ремија.
Второлигашот не е во добра форма и му се предвидува трет последователен пораз во сите натпреварувања, иако е пријатно изненадување во Купот со пласманот во полуфиналето.
Предлог тип: 2 & T2 2+ (1.62)