9.8 C
Skopje
понеделник, 9 февруари 2026

Баерн веќе бара нов напаѓач затоа што Николас Џексон нема да остане во Минхен

Николас Џексон може да почне да размислува каде ќе ја продолжи кариерата бидејќи не е добредојден ниту во Челзи, а дефинитивно ќе си замине и од Баерн Минхен.

Германските медиуми тврдат дека нема ни најмала можност Баерн да го откупи Џексон, дури и ако Челзи ги намали барањата од договорените 65.000.000 евра, колку што изнесува неговата откупна клаузула.

Баерн уште летото плати 16.500.000 евра за негова едногодишна позајмица, а Сенегалецот досега постигна само пет гола, три во Бундеслигата и два во Лигата на шампионите.

Кога ќе се погледне неговата минутажа, на теренот поминал 637 минути, во Бундеслигата само 441, па е повеќе од јасно дека во Баерн не го гледаат како адекватна замена за Хари Кејн.

Баерн во наредните месеци ќе бара вистинско решение. Кејн е во години кога ќе му биде потребен одмор и ротација, а Џексон нема да добие нов договор.

Сенегалецот има договор со Челзи до летото 2033 година, а шансите Сините да ги вратат вложените 37.000.000 евра, кои му ги дадоа на Виљареал летото 2023, се сѐ помали.

Џексон, рака на срце, беше отсутен и поради Африканскиот куп на нациите, што влијаеше на помалата минутажа, но не го менува фактот дека не ги исполни очекувањата.

- Оглас -

Најнови вести