Баерн во 95 минута остана без победата во дербито со „милионерите“ (ВИДЕО)

Најголемото дерби во германскиот фудбал, „Дер Класикер“ меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен заврши без победник 2:2 и тоа благодарение на голот постигнат во петтата минута од судиското продолжение. Стрелец на голот што ги шокира баварците беше Антони Модесте.

Германскиот шампион може да жали за ремито бидејќи имаше предност од два гола благодарение на Леон Горецка кој во 33. минута го отвори резултатот.

На стартот од вториот дел, во 53. минута Лерој Сане зголеми на 0:2, но баварците тука застанаа и им дозволија на „милионерите“ да се вратат во игра.

Младиот 17-годишен Јусуфа Мукоко во 74 минута намали на 1:2, а Модесте во 95 минута постигна гол за 2:2.

Со освоениот бод, двете екипи останаа на третото и четвртото место на табелата, Баерн има 17 бода, а Борусија бод помалку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести