27.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Баерн во Фиорентина ја најде замената за Арјен Робен

Федерико Кјеза би можел да го облече дресот на Баерн Минхен доколку Фиорентина ја прифати понудата од 60 милиони, колку што понудија Баварците за 21-годишниот син на легендата Енрико Кјеза (во кариерата има дадено 171 голови во Серија А).

Крилниот напаѓач Кјеза сезонава игра одлично за „виолетовите“, стана репрезентативец на Италија, а за него се интересираат и Јувентус и двата премиерлигаши од Манчестер. Сепак, по заминувањето на Арјен Робен, во Баерн активно бараат замена за него и Баварците засега се најконкретни во потерата по Кјеза.

 

- Оглас -

Најнови вести