Баерн во јануари ќе го носи дефанзивецот на Манчестер јунајтед?

Германскиот шампион Баерн Минхен е заинтересиран за дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Рафаел Варан.

Варан е незадоволен од својот статус на „Олд Tрафорд“, каде што дојде како голема ѕвезда, но менаџерот Ерик тен Хаг сезонава го закова на клупата за резервни играчи, поради што дефанзивецот го изрази своето незадоволство и побара да му биде дозволено да си замине.

Голем интерес за Варан пројавува Баерн Минхен и ќе се обиде во зимскиот преоден рок да го донесе на шестмесечна позајмица со можност на крајот од сезоната да го откупи неговиот договор.

Засега управата на Јунајтед нема намера да го праќа на позајмица Варан туку сака да го продаде, но германските медиуми пишуваат дека управата на Црвените ѓаволи може да се премисли поради големата плата на фудбалерот, која изнесува 20 милиони евра годишно, и да се согласи да го пушти на позајмица.

- Оглас -

Најнови вести