Баерн во нокдаун, прими три гола во првите 20 минути

Борусија Менхенгладбах игра како во транс во мечот од Купот на Германија и по првите 20 минути успеа да постигне три гола на фаворитот Баерн Минхен. Овој резултат делува нестварно, посебно ако се знае дека Баерн во првиот тим игра со Левандовски, Сане, Милер, Гнабри, Кимих, а на голот е Нојер.

Во претходниве неколку недели се навикнавме да гледаме како Баерн го „меле“ противникот и постигнува повеќе голови во краток период, но овојпат е обратно. Уште во втората минута Коне погоди за 1:0 и ја најави блескавата игра на Борусија, а потоа два гола даде Бенсебијани. Најпрво погоди од игра во 15-тата минута, а потоа реализираше и пенал за 3:0 само по 20 минути игра.

- Оглас -

Најнови вести