Баерн во стил: Ја победи Борусија и стигна до 10-тата титула по ред во Бундеслигата (Видео)

Дефинитивно му нема рамен на Баерн Минхен во германската Бундеслига. Баварскиот гигант со 3:1 ја победи Борусија Дортмунд и на три кола пред крајот повторно ја обезбеди титулата во домашното првенство. За Баерн ова е 32-ra титула во Бундеслигата, а дури 10-та во низа. Од 2012 година започна низата која веќе една деценија трае, а тоа е шампионскиот пехар да замине во витрините на „Алијанц Арена“.

Во мечот против единствениот тим кој може да се нарече ривал за титулата, Баерн за кратко време ги реши сите дилеми. Гнабри погоди за 1:0 во 15 минута, а до крајот на првиот дел погоди и Роберт Левандовски за 2:0 за домаќините.

Емре Кан на почетокот на второто полувреме даде гол за Борусија и намали на 1:2, но гостите немаа сили да се спасат од пораз.

Мусиала со погодок во 83 минута стави крај на сите дилеми и Баерн победи со 3:1.

На три кола до крајот, Баерн има 75 бодови, додека Борусија е втора со 63 бодови. Денешните мечеви во германското првенство беа богати со голови и сите завршија со една од најпопуларните игри во обложувалница, а тоа е ГГ 3+. 

- Оглас -

Најнови вести