Баерн во второто полувреме даде дури осум гола, Кејн го постигна голот на годината (Видео)

Фудбалерите на Баерн Минхен го декласираа Дармштад со 8:0 во мечот од деветтото коло во Бундеслигата и се искачија на лидерската позиција на табелата до мечот на Баер Леверкузен.

По пауза од неколку месеци, на голот на Баерн се врати Мануел Нојер, а мечот за шампионот почна кошмарно бидејќи капитенот Џошуа Кимих доби црвен картон уште во четвртата минута.

Гостите не успеаја да се заканат кон голот на Нојер, а до крајот на првиот дел останаа со дури двајца играчи помалку по исклучувањата на Гјасула во 21-та и Маглика во 41-та минута.

Во вториот дел, проработе баварската машинерија и постигна дури седум гола. Гол-серијата ја отвори Хари Кејн во 51-та минута, а пет минути подоцна Сане зголеми на 2:0. Од 60-та до 64-та минута, Баерн даде уште два гола преку Мусијала и повторно Сане.

https://twitter.com/i/status/1718281246025941366

Кејн во 69-та погоди за 5:0 го постигна можеби голот на годината и тоа со шут од својата половина, а во листата на стрелци се запиша и Томас Милер, додека Мусијала во 76-та минута зголеми на 7:0. Хари Кејн кој ја отвори гол-серијата, и ја затвори со третиот гол на мечот кој го постигна во 88-та минута.

Борусија Менхенгладбах со 2:1 го совлада Хајденхајм благодарение на двата гола на Плеа.
Аугсбург со двата гола во последните десетина минути направи пресврт против Волфсбург и победи со 3:2.

Домашниот тим поведе со голот на Тиц во 17-та минута, но гостите до крајот на првиот дел постигнаа два гола. Во финишот, прво Борнав во 79-та минута си постигна автогол, а голот вреден три бода за Аугсбург го постигна Енгелс.

Вердер ја продолжи агонијата на Унион Берлин кој го доживеа десеттиот пораз по ред во сите натпреварувања. Вердер славеше со 2:0 благодарение на автоголот на Кнох во 38-та и голот на Дукс во 75-та минута.

Единствениот пораз на домашен терен го доживеа Штутгарт кој загуби од Хофенхајм со 2:3.

- Оглас -

Најнови вести