21.8 C
Skopje
петок, 26 септември 2025

Баерн за 31 минутa ја масакрираше одбраната на Барса

Баерн Минхен води со неверојатни 4-1 против Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Ова е историски меч, во негативна конотација за каталонците, бидејќи тие никогаш не примиле четири гола во прво полувреме на европски меч, а сега тоа им се случи за само 31 минута.

Четири гола во прво полувреме Барса примила и во 1994 од Сарагоса во меч од шпанската лига, но важноста на вечерашниов меч е многу поголемо.

Иако се очекуваше голгетерски дуел на Левановски и Меси, сепак други играчи се во прв план. Томас Милер со два гола, дојде до бројка од шест погодоци против Барселона, со што стана рекордер по број на голови на еден фудбалер во Европа против каталонците. Голови дадоа и Перишиќ и Гнабри. И голот за Барса го постигна фудбалер на Баерн, Алаба, кој несреќно реагираше по едно нафрлување на Алба и го лобуваше Нојер.

Баерн сезонава на 50 средби даде 150 гола во сите натпреварувања, а ако баварската машина продолжи да гази со исто темпо и во второто полувреме, на шпанскио вицепрвак не му се пишува добро.

- Оглас -

Најнови вести