Баерн за четири минути повторно подготви кошмар за Барселона

Баерн Минхен фуриозно го започна второто полувреме на „Алијанц арената“, па веќе води со 2:0 против Барселона. Во 50-тата минута, по корнерот на Кимих, Хернандес со глава погоди за водство на германскиот првак, а само четири минути подоцна веќе беше 2:0 за домаќините.

Лерој Сане по асистенција на Мусијала, на елегантен начин го совлада Тер Штеген, па Баерн Минхен сега има одлична предност.

Во второто полувреме одлично започна и Бриж, кој даде два гола на гостувањето кај Порто, а ако се знае дека Белгијците водеа со 1:0 по првиот дел, сега резултатот е 3:0 за гостите.

- Оглас -

Најнови вести