Баерн започна преговори за отштета, Тухел го менува тренер кој испадна од Премиер лигата

Венсан Компани се наоѓа на чекор до клупата на Баерн Минхен, објави англискиот весник „Гардијан“.

Откако во јавноста се појави информацијата дека Венсан Компани кој со Барнли испадна од Премиер лигата, се наоѓа на листата на желби на Баерн Минхен, вечерва медиумите пишуваат дека преговорите со Белгиецот се во завршна фаза и до крајот на неделата може да биде промовиран во нов тренер на германскиот гигант.

„Гардијан“ пишува и дека се започнати преговори меѓуи двата клуба, Баерн Минхен и Барнли за отштетата која треба да ја плати германскиот тим.

 

Управата на Баерн Минхен изминатите неколку месеци беше во потрага по наследник на Томас Тухел, а копчето за паника беше притиснато откако неколку тренери ја одбија понудата. Чаби Алонсо прв го одби Баерн Минхен, потоа истото го сторија и германскиот и австрискиот селектор, Јулијан Нагелсман и Ралф Рангник, како и Роберто де Ѕерби.

На крајот, највисоко на листата на желби изби името на Компани кој иако со Барнли испадна од Премиер лигата, оставил добар впечаток кај челниците на Баерн Минхен поради офанзивниот стил на игра како и високиот пресинг на кој инсистира.

Компани тренерската кариера ја започна во Андерлехт во 2019 година, а од 2022 година го води Барнли. Успеа да ја внесе екипата во Премиер лигата минатата сезона, но оваа сезона Барнли заврши како претпоследен на табелата и се сели во понизок ранг.

- Оглас -

Најнови вести