Еден од најдобрите голмани на светот, Мајк Мањан, кој брани за Милан, наскоро ќе стане најскап голман во историја на фудбалот.
Германскиот магазин „Билд“ пишува дека Мањан би требало да биде нов голман на Баерн Минхен, но трансферот ќе се реализира идното лето.
„Билд“ пишува дека одлуката на челниците на Баерн е токму Мањан да биде наследникот на Мануел Нојер на голот и подготвени се да платат неверојатни 100 милиони евра, што би било нов рекорден трансфер кога станува збор за голманите.
Досегашниот рекорд го држи Кепа Аризабалага, за кого Челзи му плати 80 милиони евра на Атлетик Билбао.
Мајк Мањан во Милан пристигна во 2021 година од Лил за 15 милиони евра.