Црвените крилја ќе го вивнат Детроит до победа во големиот НХЛ класик

8200 Бафало сејбрс – Аризона којотс (НХЛ, 01 часот)

И Бафало и Аризона долго чекаат за настап во плејоф во НХЛ-лигата, а сезонава подобро ја почнаа Сабјарките.

Бафало има 14 бода, пет повеќе од Аризона, а Сејбрс малку го подрасипаа впечатокот со два порази по ред.

Конечно имаат и солиден тим што го предводи тандемот Далин-Томпсон, кои се во Топ-20 според бројот на поени, а интересно е што имаат по 15, и тоа по ист распоред, по 7 гола и 8 асистенции.

Гостите имаат многу проблеми со повреди на хокеарите, а најавено е дека нема да играат Касијан, Лед, Чичрун, Шмолц и Тиминс што е хендикеп за Аризона.

Предлог тип: 1&5+ (1.98)

 

8339 Детроит редвингс – Монтреал канадијанс (НХЛ; 01 часот)

Дуелите меѓу најтрофејниот тим во НХЛ, Монтреал, кој има 24 титули, и третата најтрофејна екипа во Лигата, Детроит со 11 пехари, секогаш предизвикуваат посебно внимание.

Ова е класик во НХЛ и иако двете екипи се од различни земји, ривалитетот е голем.

Во последно време и на Канаѓаните и на Црвените Крилја не им одеше најдобро, па често и не играат во плејофот за титулата, но сега се најавува камбек.

На Детроит моментно му оди подобро и со 16 бода е на четвртото место во Источната Конференција.

Монтреал со три порази по ред падна на 13-тото место со 11 бода, но ништо не е загубено бидејќи има уште многу натпревари во регуларниот дел од сезоната.

Иако Редвингс играат без седуммина хокеари, тие се во подобраа форма од големиот ривал и типуваме дека ќе победат.

Предлог тип: 1 (1.95)

 

8340 Њу Џерси девилс – Калгари флејмс (НХЛ, 01 часот)

Њу Џерси го победи Калгари пред две ноќи со 4:3 по продолженија, но не успеа да ја запре црната серија од 9 меча без победа против Флејмс во регуларен дел од мечот.

Ѓаволите се во извонредна форма со шест победи по ред, а Калгари е во ужасен тренд од пет порази во низа.

Но, тимот од Канада е вистински кошмар за Њу Џерси и доминира во меѓусебните дуели во последните 5-6 години.

Се очекува нов неизвесен дуел, овојпат типуваме со посреќен крај за гостите од Канада.

Предлог тип: Х2 (1.57)

 

8343 Отава сенаторс – Ванкувер канукс (НХЛ, 01.30 часот)

Канадското дерби се чека во лошо расположение во двата табори, а и Отава и Ванкувер скромно ја почнаа новата сезона.

Сенаторите имаат активна серија од пет порази по ред, а пред нив страдаше Ванкувер дури со 7 неуспеси по ред, но Канукс малку се поправија и имаат 3 победи на последните пет меча.

И тоа е премалку да се побегне од долниот дел на табелата во Западната Конференција и Ванкувер со 9 бода е 13-ти во конкуренција на 16 екипи.

Отава стои уште полошо, таа е претпоследна на Истокот само со 8 бода.

Тоа значи дека и двете екипи немаат што да калкулираат, па може да се очекува офанзива од двете страни и многу голови.

Предлог тип: >5.5 гола (1.40)

 

8346 Тампа Беј лајтнинг – Едмонтон ојлерс (НХЛ, 01.30 часот)

Екипата што ги освои сите три титули во овој милениум не почна како што очекува, па Тампа Беј е на седмото место на табелата во Источната конференција.

Гостин им е Едмонтон ојлерс, екипа што игра на „сè или ништо“ и досега на 13 меча сезонава ниту еднаш не одигра нерешено во регуларен дел од мечевите.

Тоа е вистинско чудо, па Ојлерс или победуваат или губат во регуларен дел и досега ниту еднаш не играа продолженија, ниту пак шутираа пенали.

Таквиот стил на игра ги донесе на шестото место на Западот со 7 победи, шест порази и 14 бода.

Ојлерс го имаат најефикасното дуо во Лигата, а Мекдејвид со 27 поени е пред Драјсајтл со 25.

Кучеров од Тампа Беј е на четвртото место со 20 поени, а кај двете екипи има уште неколку врвни стрелци и асистенти, па се очекува меч со многу голови.

Предлог тип: > 6.5 гола (1.70)

 

 

- Оглас -

Најнови вести