Бафало сејбрс – Флорида пантерс (Хокеј, НХЛ лига, 01.00 часот)
Домашните многу подобро ја отворија сезоната, и моментно се втори на Истокот. Бафало ги доби првите два меча во регуларен дел, а потоа имаше по еден пораз и победа по продолжение. Флорида има една победа и два порази, досега не одиграа меч на кој решаваше златен гол. Во минатата сезона кога играа овие два тима во Бафало, и домашните и гостите извојуваа по една победа, и на двата меча паднаа по 7 гола.
Предлог тип: 1 (2.40)
Колумбус блу џекетс – Анахајм дакс (Хокеј, НХЛ лига, 01.00 часот)
Колумбус во првите три меча прими дури 14 гола, а Патките не се претерани ефикасни, дадоа девет гола на четири настапи. „Сините јакни“ од 21 септември не добиле меч во регуларниот дел. Анахајм имаше шест победи по ред, но таа убава серија запре против Питсбург. Дакс шест години не победиле на гостување во Колумбус, но вечерва би можече конечно да се израдуваат.
Предлог тип: Х2 (1.68)
Каролина харикенс – Њујорк ајлендерс (Хокеј, НХЛ лига, 01.30 часот)
Ураганите се лидери на истокот, ги добија сите четири досегашни средби, но три дури по продолжение, а само еднаш во регуларен дел. Каролина е фаворит и според последните меѓусебни дуели со Островјаните. Во мај годинава, Ајлендерс двапати гостуваа кај Каролина, и двапати загубија со по 2-5. Каролина почесто игра нерешено отколку гостите, но веруваме дека имаат квалитет да слават и без златен гол.
Предлог тип: 1 (2.05)
Орландо меџик – Бостон селтикс (Кошарка, НБА претсезона, 01.00 часот)
Магичните досега ги добија сите три контролни натпревари, а иако екипите во овој период обично не играат многу цврста одбрана, тоа не важи за Орландо. Тимот од Флорида ниту еднаш не прими повеќе од 91 поен. Последен пат кога Орландо прими над 100 поени беше на 24 април од првакот Торонто. Бостон го победи Шарлот со 107-106, и не е во ритам како Орландо, па можеби ќе им треба време додека да покажат што знаат.
Предлог тип: 1 во Q1 (2.00)
Шарлот хорнетс – Филаделфија 76 ерс (Кошарка, НБА претсезона, 01.30 часот)
Хорнетс губеше од Бостон и Мајами, па ќе проба да ја извојува првата победа во подготвителниот период. Филаделфија нема играно против НБА ривал, триумфот над кинески Гуангџу од 58 поени разлика, не треба да биде мерило. Шарлот три години ја нема победено Филаделфија. Сиксерс и овојпат е фаворит, а веруваме и дека нема да има повеќе од 226 поени.
Предлог тип: <226.50 (1.68)