28.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Багатела: Сити може да го купи Меси за само 50 милиони фунти?

На Лионел Меси му истекува договорот со Барселона до крајот на јуни 2021 година, но на Манчестер сити не му се чека и уште во зимскиот преоден рок ќе тргне во офанзива по потписот на капитенот на Каталонците.

Англиските медиуми пуштија шпекулација дека Сити може да го добие Меси само за 50 милиони фунти, или околу 56 милиони евра, што е незначителна цена ако се земе предвид величина на аргентинскиот виртуоз.

Нема сомнежи дека Граѓаните може да го истрпат богатиот договор кој ќе му се понуди на Меси, свесни се дека би имале голем поврат на пари со неговиот ангажман, кој може да го потресе фудбалскиот свет.

Доколку Сити успее да го откупи Меси уште во јануари, полесно ќе може да го убеди менаџерот Пеп Гвардиола да потпише нов договор, кој пак влезе во последната сезона од соработката со гигантот од Манчестер.

- Оглас -

Најнови вести