„Бај-бај“: Кејн се збогуваше со вработените во хотелот во кој живееше досега во Минхен! (Фото)

Англиската фудбалска ѕвезда Хари Кејн го напушти хотелот во Минхен, во којшто живееше откако потпиша за Баерн досега, а сега се сели во вила на 15 километри од тренинг-центарот на Баерн.

Кејн се зближи со луѓето кои се грижеа за собата во која тој живееше со семејството, па имаше и емотивно збогување со сите кои помогнаа да се чувствува како дома.

Кејн отсега ќе живее во една вила во преградие на јужната страна на Минхен, а во минатото таму живееше ексгерманскиот репрезентативец Мехмет Шол.

Кејн и сопругата Кејти имаат четири деца, а во новиот дом ќе им се придружат и братот и родителите на Хари, како и две дадилки.

- Оглас -

Најнови вести