Бајиќ ги одбра кошаркарите за квалификациите за Мундобаскетот 2023

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за јунскиот циклус од квалификациите за Светското првенство во 2023 година.

Со оглед на краткиот временски период до првите квалификациски обврски, односно наредниот натпревар од квалификациите за СК закажан за 1 јули, кога гостуваме кај репрезентацијата на Шпанија, селекторот Бајиќ се определи за еден потесен список од 14-мина кошаркари.

Првиот собир на сениорскиот национален тим е предвиден за 25 јуни, во „Борис Трајковски“, каде што Црвено-жолтите ќе се подготвуваат до заминувањето за Сарагоса, како и по враќањето за Шпанија.

Инаку, освен дуелот со Шпанија, нашата селекција ќе одигра уште еден натпревар во јунскиот квалификациски циклус за пласман на Мундобаскетот. Украина гостува во Скопје на 4 јули.

Поширок список на кошаркари:

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром
Кристијан Николов – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Пелистер
Андреј Маслинко – ТФТ
Страхил Николов – ТФТ
Виктор Ташовски – ТФТ
Виктор Ефремовски – Гостивар
Валмир Какруки – Работнички
Теодор Симиќ – Барселона-Шпанија
Андреј Јакимовски – Вашингтон Стејт (НЦАА-САД)
Рубин Стефанов – Италија

- Оглас -

Најнови вести