Бајиќ: Ни треба добар американски плеј за да бидеме за 30 проценти посилни

Со добар американски плеј, оваа репрезентација би била за 30 проценти посилна, смета селекторот Драган Бајиќ. Тој не ги отпишува македонските плејмејкери, но посакува во тимот да има натурализиран играч на плејмејкерската позиција.

„Димитријевиќ ќе игра Евролигата и нема да може да дојде. Јас сметам на сите, и на Магдевски и на Стајиќ, но мислам дека ни фали екстра добар плеј за и другите повеќе да дојдат до израз. Ако некој мисли дека јас сум најголем проблем на македонската кошарка, тоа за секунда се решава, но мислам дека не сум. Пријатно се чувствувам тука, имам добри односи со луѓето од Федерацијата. Ќе разговарам со нив, тие ќе го кажат последниот збор дали останувам или не“, рече Бајиќ на прес-конференцијата по поразот од Украина, со кој се заврши неуспешниот циклус со шест порази во шест меча.

 

- Оглас -

Најнови вести