Бајката на најмладата земја во светот продолжува: Јужен Судан обезбеди место на Олимписките игри

Кошаркарите на Јужен Судан која е официјално најмладата земја во светот, меѓународно призната, ќе игра на Олимписките игри следната година во Париз. Јужен Судан неочекувано се најде на Светското првенство во кошарка, а таму не само што не се посрамоти, туку покажа одлична игра и резултати.

Откако во првото коло дури по продолжение загуби од Порторико, потоа ја победија Кина со 20 разлика. Очекуван беше поразот од Србија, а потоа во разигрување за пласман од 17 до 32 место, Јужен Судан убедливо ги победи Филипини и Ангола.

Во корист на Јужен Судан беше и победата на Нов Зеланд над Египет, па сега има подобар биланс од африканскиот ривал. Јужен Судан е најдобра африканска селекција на Мундијалот и на тој начин доби „виза“ за настап на ЛОИ во Париз.

Резултати: Финска – Венецуела 90:75, Ангола – Јужен Судан 78:101, Нов Зеланд – Египет 88:86, Брегот на Слонова Коска – Франција 77:87, Јапонија – Зеленортски острови 80:71.

- Оглас -

Најнови вести