Бајката на Шумарите продолжува: Го победија и Манчестер сити (Видео)

Во првиот меч од 28 коло на Премиер лигата, Нотингем форест стигна до голема победа од 1:0 и тоа против актуелниот англиски првак Манчестер сити. На свој терен, Шумарите се радуваа против фаворизираните гости. Стрелец на единствениот гол беше Хадсон-Одои во 83 минута од мечот.

Со оваа победа, Нотингем форест се зацврсти на третото место на табелата со 51 бодови, додека Сити остана на четвртото место со 47 бодови, но со опасност да падне за една позиција ако Челзи се радува во ова коло.

Сити доминираше на теренот, гостите имаа две третини посед на топка, но едноставно избраниците на Пеп Гвардиола немаа сила и идеја да го загрозат голот на домаќините.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести