Бајката на Венецуела заврши, Канада преку пенали закажа полуфинале против Аргентина (Видео)

Репрезентацијата на Канада е вториот полуфиналист на Копа Америка, воедно и противник на Аргентина во следната фаза. Дуелот против Венецуела заврши на идентичен начин како и првото четвртфинале помеѓу Аргентина и Еквадор, со нерешено 1-1 во регуларните 90 минути, па победникот мораше да биде решаван на пенали.

Таму канадските фудбалери беа посконцентрирани, но и посреќни и победија со 4-3 после шест серии на пенали. Претходно, Канада поведе преку Шафелбург во 13-тата минута, а Венецуела израмни на 1-1 во 65-тата преку Рондон.

- Оглас -

Најнови вести