Лионел Меси и Кристијано Роналдо во стрип-фотографија со бакнеж е насловната страница на реномираниот магазин „Франс фудбал“.
Предизвика многу коментари, а целта на авторот, кој е урбан артист и фотограф од Барселона, веројатно е придонес кон битката против хомофобијата.
Истата стрип-фотографија беше искористена во 2017 година пред Ел Класико, а сега во сличен формат се најде на насловната страница на најновото издание на „Франс фудбал“.
Вечерва и Меси и Роналдо ќе ги предводат своите клубови Барселона и Јувентус како главни адути во реванш-мечевите од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Меси ќе биде ударната игла на Каталонците против Манчестер јунајтед, а неговата Барса има предност од 1-0 од „Олд Трафорд“.
Роналдо ќе биде во нападот на Јувентус во обид да се искористи добриот резултат од Амстердам и ремито 1-1 против Ајакс во реваншот вечерва од 21 часот во Торино.