Бакс немоќни без Јанис во Денвер, шампионот отсвири свој стил на џез во Солт Лејк (видео)

Лидерот на Истокот, тимот на Милвоки бакс загуби на гостувањето кај Денвер нагетс со 109:95. Елените беа немоќни без отсутниот Јанис Адетокумбо, не играше ниту втората ѕвезда Крис Мидлтон, па веќе трет меч во серија не знаат за триумф, негативен учинок кој го запишаа првпат оваа сезона.

Денвер беше во негатива само до резултат 8:7 за гостите, а потоа ја презеде иницијативата и уште во првиот период оствари двоцифрена разлика. Џамал Мареј ги предводеше домаќините со 21 поен, Милсап оствари дабл-дабл од 20 поени и 10 скока, додека кај гостите расположен беше искусниот Корвер со 23 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=eejJ0pY0vXo

Торонто репторс со серија од 9-2 во финишот преку слободни фрлања славеше на гостувањето кај Јута со 101:92. Џезерите останаа разочарани и во четвртиот последователен меѓусебен дуел против шампионот, кои немаа идеја како да го запрат триото Сијакам – Лаури – Ибака.

Иако гостите во поголемиот дел од средбата беа во резултатска предност, дури во последниот период првпат стигнаа до двоцифрена предност, која експресно беше анулирана, па трумфот го обезбедија преку изведување слободни фрлања во последните минути.

Ибака оствари дабл-дабл со 27 поени и 13 скока, идентичен учинок во поени запиша и Сијакам, но со два скока помалку, додека Лаури застана на 21 поен. Инглс на другата страна се истакна со 20 поени.

Во дуелот против Шарлот хорнетс, Треј Јанг ја предводеше Атланта до победа по две продолженија со 143:138. Јанг на овој меч стана првиот играч во историјата на НБА-лигата кому му успеа повеќекратно да оствари повеќе од 15 асистенции и да реализира повеќе од пет тројки.

Јанг заврши со 31 поен и 16 асистенции, постигна шест тројки, па ниту 40-те поени на Розиер не ги спаси Стршните од разочарување.

https://www.youtube.com/watch?v=kBqWiEMyVz0

- Оглас -

Најнови вести