Бакс оди по брејк во Торонто

Торонто репторс – Милвоки бакс (02.30 часот)

Сега е 2-1 за Милвоки, но Торонто нема да се предаде, иако единствената победа во оваа серија му беше многу тешка и по две продолженија. Притисокот повторно е врз домашните кои мора да победат ако сакаат да ги задржат шансите за пласман во големото финале. Ако се мачеа претходниот пат, овојпат ќе биде уште потешко да го повторат триумфот.

„Елените“ во претходното коло двапати победија на гости во Бостон, имаат две победи и против Репторс сезонава во Канада, а на гостувањата во Торонто, Бакс повеќе од две години не знае за пораз по регуларни 48 минути. Затоа, овојпат ќе прогнозираме победа на гостите.

Предлог тип: 2 (1.70)

 

Кавај Ленард (Торонто репторс – Милвоки бакс 02.30 часот)

Торонто во нападот најмногу се потпира на крилото Кавај Ленард, така ќе биде и вечерва. Тој на првите два меча даваше по 31 поен, потоа уфрли 36, но со продолженија. На третиот меч играше 52 минути, иако имаше и една повреда која веруваме дека ќе ја преброди и сепак ќе стисне заби и ќе оди над границата од 32 поени.

Предлог тип: > 31.5 (1.90)

 

Јанис Адетокумбо (Торонто репторс – Милвоки бакс 02.30 часот)

Најдобриот кошаркар на Милвоки и еден од кандидатите за МВП на сезоната не можеше да си прости што на претходниот меч направи шест лични грешки и во финишот ја остави на цедило својата екипа. Сега тој е екстра мотивиран да се извади за тој пропуст, а кога тој решително ќе тргне во напад, тешко дека може да се најде пречка на патот која ќе го запре.

Предлог тип: > 27.5 (1.85)

 

Брукс Лопес (Торонто репторс – Милвоки бакс 02.30 часот)

Центарот на Милвоки може да биде едно од „икс факторите“ на Бакс. Тој игра променливо, даваше 29, 6 и 16 поени, денеска е редот да одигра околу својот просек и да постигне 11 или повеќе поени. Лопес често шутира и тројки, ако погоди две-три тројки, нема да има проблем да ја надмине зададената граница.

Предлог тип: > 10.5 (1.87)

 

Сент Луис блуз – Сан Хозе шаркс (02.00 часот)

Домашните водат со 3-2 и имаат златна прилика со триумф пред својата публика да се пласираат во финалето на Стенли купот во хокеарската НХЛ-лига. Моментумот е на нивна страна по неверојатниот триумф од 5-0 на гостувањето во Сан Хозе пред два дена. „Ајкулите“ водеа со 2-1 во победи, сега се во негатива од 2-3 и ќе им треба многу ментална цврстина за да се изборат за мајсторка.

Предлог тип: > 4.50 (1.53)

- Оглас -

Најнови вести