-6.2 C
Skopje
понеделник, 15 декември 2025

Бакс се обрука во Бруклин, шутерско шоу на Кари, Лејкерс за малку ќе изгубеше добиен меч

Бруклин нетс го прегази Милвоки бакс со 127-82 во натпревар од НБА-лигата на кој Мрежичките го изедначија својот клупски рекорд на најубедлив триумф, вторпат во својата историја (првиот пат во 1993 година) победуваат со 45 поени разлика.

Екипата на Бруклин ја водеше помошниот тренер Стив Хецел, кој го менуваше болниот Жорди Фернандес.

За разлика од Бруклин, каде што немаше неизвесност околу победникот и победникот рано беше решен, вистинска драма имаше во Феникс, каде што ЛА лејкерс победи со 116-114. Езерџиите имаа контрола врз резултатот и водеа со 20 поени разлика на осум минути до крајот, но домашните направија неверојатен пресврт и на 12,2 секунди до крајот Санс поведоа. Сепак, Лејкерс се спасија кога на три секунди до крајот беше досудена лична грешка врз Леброн Џејмс, и тоа при обид за тројка, па Џејмс изведе и погоди три слободни фрлања. Судиите прегледуваа снимка и останаа на својата одлука.

Стеф Кари погоди 12 тројки и заврши со 48 поени на гостувањето кај Портланд, но неговиот тим Голден стејт беше поразен со 131-136. Кари го надмина Мајкл Џордан по бројот на мечеви со постигнати 40+ поени по 30-тиот роденден. Од 112 меча во историјата на НБА на кои некој играч погодувал 10 или повеќе тројки, една четвртина се на Кари.

- Оглас -

Најнови вести