Енис Барди беше пресреќен на 13 мај пред две години, а неговиот настап против Барселона во епскиот меч што заврши со победа од 5:4 беше маестрален.
Каталонците допатуваа на мечот во Валенсија како шампиони и без пораз во целата сезона во Ла Лига, но настрадаа во претпоследното коло.
Барди беше еден од јунаците на големата победа на Леванте и постигна два прекрасни погодоци. Домаќините приредија спектакл и вистинско чудо, а водеа дури и со 5:1.
Енис ги постигна третиот и петтиот гол за Леванте, а хет-трик забележа Емануел Боатенг.
Стрелци за Барселона беа Кутињо со хет-трик и Луис Суарес. За Барселона, која ја освои титулата со 93 бода, тоа беше единствениот пораз во првенството на Шпанија.