Легендата на германскиот фудбал, Михаел Балак, верува дека Унион Берлин може да биде првак на Бундеслигата. Малиот клуб од источниот дел на германската престолнина, за првпат во својата историја е лидер во германското првенство и има освоено 17 бода од можни 21.
Балак, кој 98 пати играше за Германија, смета дека на Унион не треба никој да му го одземе правото да сонува титула.
„Зошто да не? Јас во 1998 година станав првак со Кајзерслаутерн само што влеговме во Бундеслигата или, на пример, Лестер во Премиер лигата во 2016 година, никој не очекуваше такво нешто“, вели Балак.
Унион Берлин, кој пред три години стана прволигаш, има серија од 14 лигашки мечеви по ред без пораз, а дома загубија само двапати на последните 38 меча. Во минатата сезона завршија на седмо место, играат во Конференциската лига. Многумина мислат дека титулата и 12-та сезона по ред е резервирана за Баерн, но Унион нема толку лесно да се откаже од врвот кој за нив до викендов беше непозната „територија“ на табелата.