Германската легенда Михаел Балак упати критика до лидерот на одбраната на Ливерпул, Вирџил ван Дајк. Според „вечно вториот“ Балак, кој во минатото играше за Кајзерслаутерн, Баер Леверкузен, Баерн Минхен и Челзи, Холанѓанецот едноставно има среќа што игра во денешно време.
„Ван Дајк има среќа што игра во време кога нема напаѓачи од калибарот на Дидие Дрогба, Франк Лампард, Алан Ширер, Тјери Анри, Вејн Руни, Робин ван Перси, Карлос Тевес, Емануел Адебајор или Диего Коста. Ништо чудно што го сметаат за најдобар одбранбен играч“, изјави Балак.