Балардини убеден: Голот на Пандев беше регуларен!

Наполи со Елиф Елмас како стартер вчера ги освои бодовите на гостувањето кај Џенова на Горан Пандев, меч во кој на македонската легенда ѝ беше поништен чист погодок поради тоа што негов соиграч направи прекршок врз голманот на Наполитанците.

На Пандев му беше скратена можноста да се радува, а тренерот на Џенова, Давиде Балардини, смета дека е направена голема грешка при одлуката да се поништи погодокот.

„Според мене тоа не беше фаул. Дури видов неколку фудбалери на Наполи како се смееја на одлуката, очекувајќи дека голот ќе се признае. Судијата направи грешка, но грешки правиме сите“, посочи Балардини, а потоа ја прокоментира важноста на Пандев во неговата екипа.

„Секогаш кога е фит, Пандев ќе игра. Тој е еден од „најмладите“ играчи во мојот состав, го докажува тоа на секој тренинг, заедно со Сиригу и Берами се најголемите примери на нашиот тим“, доврши тренерот на Џенова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести