Балде е херој на африканските мигранти кои заглавија во Каталонија

Балде Кеита, напаѓачот на Монако, им платил сместување на 200 мигранти кои останале без работа и живеалшите во Каталонија за време на пандемијата со корона-вирусот. Сенегалскиот репрезентативец водел тешка битка за да ја оствари оваа хумана акција бидејќи дури 13 хотели одбиле да ги примат мигрантите, наводно бидејќи доаѓале од Африка.

„Овој грд систем е полн со расизам, но јас нема да се откажам од мојата цел. Добивме 13 негативни одговори од исто толку хотели бидејќи станувало збор за црномурни луѓе. Успеав да најдам хотел кој прифати да помогне и благодарен сум на тоа“, истакна Кеита.

Кеита е роден и израсна во Каталонија. Фудбалското знаење го стекна во познатата школа на Барселона „Ла Масија“, а во 2012 година се пресели во Лацио. Оваа сезона играше за Кнезовите пред прекинот на сезоната во Лига 1 како позајмен играч од Интер. Инаку му донираше и околу 20.000 евра на Сенегал како помош во борбата против вирусот ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести