Балинген му се заблагодари на Филип Талески

Македонскиот ракоментен репрезентативец Филип Талески веќе нема да биде член на бундеслигашот Балинген. Клубот денеска на својата интернет-страница ја објави разделбата со Талески откако договорот ќе истече на 30 јуни.

„Би сакале да му се заблагодариме на Филип за неговата посветеност. Договорот со него истекува на 30 јуни и нема да биде продолжен“, изјави директорот Волфганг Штробел.

Нашиот лев бек одигра само една сезона во дресот на Балинген. Таму дојде со надеж дека ќе ја има потребната минутажа која не ја добиваше во претходниот клуб Рајна-Некар Левен. Но, авантурата во Балинген заврши само по неколку месеци, па ексиграчот на Металург ќе треба да си бара нова средина, најверојатно повторно во Германија.

- Оглас -

Најнови вести