„Балистите“ по 30 минути си заминале од Струмица затоа што полицијата им го одзела албанското знаме

Шкендија се врати со три бода од гостувањето против Брера во Струмица, каде што Фитон Адеми беше главен играч со два постигнати гола во триумфот од 0-2. Сепак, на овој меч се случи и своевиден инцидент.


Навивачката група на Шкендија, „Балистите“, го напуштија стадионот само по 30 минути како револт поради тоа што полициските сили побараа отстранување на албанското знаме од трибината каде што беа сместени гостинските навивачи.

Од официјалната веб-страница на Шкендија соопштија дека отстранувањето на албанското знаме не беше побарано од делегатот на натпреварот, туку целата акција била организирана од Секторот за внатрешни работи на Струмица.

„Протестот на Црвено-црните не даде резултат бидејќи делегатот на натпреварот во ниту еден момент не побара отстранување на знамето, а целата акција беше организирана од Секторот за внатрешни работи на Струмица“, велат од Шкендија.

- Оглас -

Најнови вести