Балканот тагува, порака од Христо Стоичков: Очите ми се полни со солзи, Бог да е со Македонија!

Трагедијата која се случи во Кочани потресе многумина не само кај нас во Македонија туку и во околината, па и подалеку. Пораки за сочувство доаѓаат од сите страни, утре ќе биде ден на жалост и во Србија и во Бугарија.

Српските гиганти Црвена ѕвезда и Партизан, кои имаат многу фанови кај нас, испратија пораки за поддршка кон Македонија и сочувство, тоа го направи и Динамо Загреб, од каде што го спомнаа и фудбалерот Андреј Лазаров, кој има играно во Хрватска, а преку „Фејсбук“ се јави и најголемиот бугарски фудбалер и некогашен освојувач на Златната топка, Христо Стоичков.

„Светот може да биде толку убав, но може да биде и илјада пати пострашен! Нема ништо поужасно од смртта на млади луѓе! Наши деца кои отишле да се забавуваат! Очите ми се полнат со солзи кога читам и гледам вести! Господ нека е со Македонија!“, напишува легендата Стоичков.

- Оглас -

Најнови вести