Сумкајит – Шкендија (18ч)
Шкендија во добра форма ќе тргне во првото квалификациско коло од Лигата на Европа, со две победи и реми од домашниот шампионат. Тетовци гостуваат на непознато место и јасно е дека ќе играат против непознат противник, но со фаворитска улога на хартија ќе влезат во овој меч.
Тренерот Ѓока на располагање ги има сите играчи на располагање, така што може да се очекува офанзивен пристап на гостите. За Шкендија е добро што домашниот тим е во лоша форма со четири порази и реми, односно само еден триумф откако почна азербејџанското првенство.
Предлог тип: 2 (2.45)
Олимпија Љубљана – Викингур Рејкјавик (18:30ч)
Двократниот словенечки шампион нема право на грешка против гостите од Рејкјавик, па на „Стожице“ се очекува убедлив триумф на Олимпија.
Домаќините иако веќе четири меча се без победа, серија која им трае во шампионатот на Словенија, за нив е добро што и исландскиот состав исто така е на ниско расположение.
Триумф на Олимпија ќе ѝ обезбеди пласман во второто коло од квалификациите за ЛЕ, до каде што стигнаа минатата сезона.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.83)
Малме – Краковија (19ч)
Малме е еден од тимовите кои се очекува да се најде во групната фаза од Лигата на Европа, па затоа не би требало да има проблеми против Краковија на стадионот „Еледа “. Ако се изостави поразот во финалето од Шведскиот куп, Малме е непоразен во 11 првенствени меча, низа која лесно може да биде продолжена и вечерва.
Откако почна шведското првенство, Малме на домашен терен во просек реализира по два гола, би требало ефикасноста да се пренесе и на меѓународната сцена.
Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.83)
Марибор – Колрејн (20:45ч)
Марибор е апсолутен фаворит во овој дуел, па ако домаќинот игра во полна пареа, можно е да се случи голеада. Првите квалификациски фази Марибор редовно ги поминува, така треба да биде и овојпат ако се знае дек Колрејн е на непозната територија.
Подготовките на Марибор поминаа според очекувањата, забележа четири убедливи победи во пет меча со гол-разлика 19-6, што значи дека ефикасноста не се доведува во прашање.
Предлог тип: 1 двојна (2.07)
Партизан – Ригас (21ч)
Белградскиот гигант има цел да се најде во групната фаза од ЛЕ, што значи дека тотално разочарување ќе биде ако не ја оправда фаворитската улога вечерва. Црно-белите тргнаа со четири триумфи, од кои три се во низа и еден пораз во српскиот шампионат. Тимот на Милошевиќ нема примено гол во три средби, а постигна 11, тоа е најава дека на стадионот „Партизан“ вечера ќе се оствари убедлива победа.
Предлог тип: Т1 2+ пол. (2.60)

