Балканската убавица состави тикет и ви посакува успешна обложувачка 2020 година!

Нема поубаво девојче од Македонче, се вели во легендарната македонска песна, а уште кога за тоа ќе се добие и „тапија“, поточно титула за Мис на Балканот, каква што пред некој ден доби тетовчанката Кристина Димитријевска, идеално беше за предновогодишниот хуманитарен тикет да побараме од моментно најактуелната манекенка во Македонија да типува во Sport Life.

Таа со задоволство прифати бидејќи оваа акција има и хумана димензија. Доколку тикетот кој таа го состави биде добитен, најави дека парите ќе ги донира во СОС детското село.

САКА КОГА ИМА СИЛНА КОНКУРЕНЦИЈА, ТОА ЈА МОТИВИРА

Иако конкуренцијата на изборот во Белград била силна, велат дека Кристина сосема заслужено го добила епитетот најубава девојка на Балканот. Пред два месеца Кристина доби и награда за Мис фотогеничност на Мис глоуб 2019 во Црна Гора и овие награди се голема сатисфакција за неа.

„Конкуренцијата беше силна, но убаво е тоа, има натпреварувачки дух и помотивирани сме да се прикажеме во најдобро можно светло. За разлика од други избори, овојпат бев смирена, сосема се опуштив, веројатно затоа и испадна најдобро досега. Наградата за фотогеничност во Улцињ исто многу ми значи, имаше девојки од 50 држави, но Мис Балкан повеќе ми значи, нема ништо поубаво од тоа да ја понесеш оваа вредна титула“, ни изјави Кристина.

СЕ ЗАНИМАВА СО МОДА, ФИТНЕС, ГИ ПРАВИ ПРВИТЕ ЧЕКОРИ И КАКО ПЕЈАЧКА

Кристина е веќе докажана во модата, за одржување на телото во топ-форма таа редовно вежба, а сними и две песни досега, па можеби ќе се истакне и како пејачка.

„Јас со мода се занимавам од мојата 15-та година, во модното студио Црнокрак сум, тоа е најдобро модно студио кај нас, па и пошироко, а исто така сум и лиценциран фитнес-инструктор. Тоше Зафиров и неговата сопруга се луѓе кои многу ги почитувам, тие се луѓе кои ја претставуваат нашата држава во најдобро светло. Кај него земав лиценца, таму научив како да се хранам, како правилно да вежбам и да им пренесам на другите. Инаку пеењето ми е љубов, постојано слушам музика, заспивам со музика и сакав да се испробам и во тие пејачки води. Снимив една песна, сега имам и втора, исто така дует. Спотот кој ќе излезе, го снимаше најдобрата продукција АХ медиа на чело со Армин Хасановиќ. Спотот мислам дека ќе биде совршен, вложивме доста труд, енергија, па очекуваме позитивни критики“, вели Кристина.

ЈА ЗБУНУВААТ БРОЈКИТЕ ВО БИЛТЕНИТЕ НА ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ

Што се однесува до обложувачкото искуство, убавата Кристина го нема и секогаш ја чуделе и збунувале многуте бројки и шифри во билтените. Сепак, иако не се смета за некоја многу среќна во наградни игри, храбро типуваше за хуманитарниот тикет.

„Во обложувалница имам влезено со татко ми и со мојот брат, тоа беше време кога тренирав карате и баш се сеќавам дека ги гледав овие бројчиња во билтенот, ништо не ми беше јасно за што служат. Не сум се обложувала досега. Еднаш влегов во казино, имав тикет од 20 евра, а добив 10. Не сум баш среќна за такви работи, барем не досега“, објаснува Кристина, која е мајка и има син Давид.

„Сакам спорт, гледам фудбал, претежно светски и европски првенства. Сум одела на стадион, највнимателно го следев фудбалското СП во 2014 година кога Германија стана шампион, бев фан на голманот Мануел Нојер, него го поддржував, освои награда за најдобар голман. Мислам дека спортот е нешто најубаво за секое дете и неговото развивање, но не би го форсирала синот, туку ќе му дадам слобода да избере сам и да се насочи каде што ќе сака тој“, додава Кристина.

УСПЕСИТЕ ВО 2019 ГОДИНА СЕ МОТИВАЦИЈА ЗА УШТЕ ПОВИСОКИ ДОСТРЕЛИ ВО 2020

На работен план, Кристина имаше година од соништата, успесите се редеа еден по друг, па посакува да продолжи така и во следната.

„Годинава сè што посакав ми се оствари и му благодарам на Господ за тоа. Навистина имав многу успеси, ми беше најуспешна година во животот на работен план. Овие успеси ми се уште поголема мотивација за понатаму, верувам дека секогаш може уште подобро, не треба да се задоволуваме и да велиме супер, и тоа е тоа. Нема застанување“, завршува девојката од модното студио Црнокрак, која со успех ја презентираше македонската убавина и на меѓународна сцена.

Ова е тикетот кој го предлага Кристина Димитријевска:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести