Во текот на загревањето пред третата пресметка меѓу Бостон селтикс и Голден стејт вориорс, која домаќините ја добија со 116:100, се забележа нерегуларност на еден од кошевите.
Имено, на страната каде што се загреваа Воините, играчите забележаа дека кошот е за нијанса повисок, па го пријавија проблемот. Нерегуларноста брзо се реши, но тоа не направи многу разлика за гостите, кои загубија и сега се во негатива од 2-1 во финалната серија на НБА-лигата.
https://twitter.com/sportingnews/status/1534678713408839682