Изминатиов викенд речиси цела Европа беше зафатена од дожд и снег, а некои од натпреврарите мораа да бидат одложени.
На Балканот е јасно, штом заврне дожд или снег, тогаш терените стануваат своевидни свињарници, а нешто слично беше и на овој меч од пониските лиги во Босна и Херцеговина.
Пред еден од головите имаше толку голем вир, што едноставно голманот со чизми требаше да брани. Затоа, тој зеде една кофа и се пушти во работна акција.