Поразот на Србија од Унгарија на домашен терен со 0:1 и ремито на Македонија во Талин со 3:3 против Естонија ги изненади грото од нашите прогнозери во петтото коло од Спортска прогноза, па тие две утки најмногу влијаеја да нема кандидати за комплетно погодена 13-ка и награда, ајфон 11.
Колото беше многу интересно и до завршницата имаше кандидати за максимален број на погодени натпревари, што во секое коло на нашата бесплатна игра носи награда мобилен телефон ајфон, но сепак двете изненадувања беа преголема пречка на патот до убавата премија.
Бобан. Д беше најблиску, со 11 погодени натпревари и за него Sport Life подготви ваучер од 500 денари, а прогнозерите уште еднаш покажаа дека знаат да одиграат добро коло и дека не е проблем што во петтото коло на Спортска прогноза грото од двојките беа со мечевите на репрезентации во Лигата на Нации.
Очекувајте ги утре и двојките од следното коло, учествувајте и забавувајте се со свои прогнози во третата сезона на Спортска прогноза.