Балканските нисколигаши се хит: Со пиво и гитара лечеше повреда и славеше победа (ВИДЕО)

Години наназад се изнагледавме најразлични ситуации од пониските фудбалски лиги на Балканот, а последна таква снимка ни доаѓа од Хрватска.

Фудбалерите на ХАШК кои доаѓаат од предградије на Загреб и настапуваат во треттата хрватска лига, славеа победа над Младост од 4:1, а по крајот на средбата следуваше и прослава во соблекувалната.

Еден од фудбалерите со пиво ја ладеше повредата на ногата, а до него, соиграчот со гитара му ја ублажуваше болката и ја славеа победата. Погледнете како сето тоа изгледаше.

 

- Оглас -

Најнови вести