Балканско финале во Париз – Ѓоковиќ по 19-ка, Циципас игра меч што вечно ќе го памети

Новак Ѓоковиќ е фаворит за победа и 19-та гренслем титула, денеска од 15 часот во Париз на Ролан Гарос против Стефанос Циципас.

Популарниот Ноле успеа да го стори невозможното, го победи 13-кратниот шампион на францускиот гренслем Рафаел Надал и на крилјата на големиот успех ќе тргне по својата втора тениска круна на Ролан Гарос.

Новак има подобар меѓусебен биланс со Циципас и води со 5:3, но финалето и за таков мајстор на тениската игра нема да биде лесно. Циципас има 10 победи по ред, игра исклучително добро и има мотив во најголемиот меч во кариерата да изненади.

Грчкиот тенисер за првпат ќе игра меч за пехар на гренслем, што секогаш е посебен мотив за битка до последен здив.

Последниот меч и круната на ова издание на францускиот гренслем ќе се игра од 15 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести