Балканското дерби ќе припадне на Јокиќ, Дерозен се враќа на „северот“

Далас маверикс – Денвер нагетс (02:30 часот)

Маверикси и Дончиќ ќе имаат многу тешка задача пред своите навивачи, да му застанат на патот на одличниот Јокиќ и неговиот Денвер. Реванширање за поразот во декември е главна цел на словенечкото „чудо од дете“, но за тоа ќе треба да одигра новсериска партија. Денвер можеби го  загуби лидерското место на Западот, но и натаму важат за едни од фаворитите за шампионска титула.

Во дуелот екипите ќе влезат со сосема различни форми, Далас има два последователни порази, додека Денвер ќе сака да наниже и трета победа во низа.

Предлог тип: Т1 & T2 >105.5 (1.85)

 

Оклахома сити тандер – Јута Џез (03:30 часот)

Време е за Расел Вестбрук да ги покаже своите квалитети против „џезерите“, бидејќи во последните два меча против оваа екипа во просек постигнуваше по скромни 10 поени. Сезонава два пати Оклахома беше подобра од Јута, ноќеска имаат прилика да направат „три од три“, па токму затоа се очекува брилијантно издание на Вестбрук.

Предлог тип: >22.5 (1.90)

 

Торонто репторс – Сан Антонио спарс (01:00 часот)

НБА фантиците долго време го чекаа овој момент, особено поддржувачите на спарси, враќањето на Демар Дерозен на местото од каде беше избркан пред почетокот на оваа сезона. Феноменалниот бек еднаш им покажа на Торонто дека згрешија што го трејдуваа со Каваи Ленард, со трипл-дабл учинок (21 поен, 11 скока и 14 асистенции) го предводеше Сан Антонио, а сега повторно ќе има прилика да блесне и тоа во пред гледачите кои до лани се „крстеа“ во него.

Сепак, не треба да се заборави дека амбициозниот Торонто во овие моменти е доста подобар од тимот од Тексас, но тоа не значи дека им е загарантирана победа.

Предлог тип: <226.5 (1.90)

 

Калгари флејмс – Анахејм дакс (03:00 часот)

Калгари е екипата која досега не разочара во „Полноќниот експрес“, а ништо помалку не се очекува од нив ниту во дуелот против „патките“ од Анахејм. Шанса да спојат четири победи во низа ќе имаат против екипата од која загубиле на три од последните четири меѓусебни средби, што е дополнителен мотив за лидерот на Западот.

Калгари на домашен терен сезонава претрпе само 10 порази, од кои пет се во дополнително време, додека во просек постигнуваат по пет гола на секој меч пред своите фанови.

Предлог тип: 1 & 5+ (2.15)

 

Чикаго блекхокс – Колорадо аваланш (01:30 часот)

Ниту едната, ниту другата екипа може да се пофали дека има добра сезона, но меѓусебните дуели на Чикаго и Колорадо секогаш се интересни. Разнишаните одбрани речиси секој меч ветуваат дека ќе има многу голови, што е одлична шанса за типувачите кои се одлучуваат на ваков систем на игра.

Со идентична форма ќе влезат во овој дуел, по три победи и два порази од последните пет средби во лигата, а Колорадо е фаворит на хартија само затоа што за нијасна стои подобро на табелата во Западната конференција.

Предлог тип: >6.50 (1.80)

- Оглас -

Најнови вести