Неколку драматични мечеви се одиграа ноќеска во НБА-лигата кои беа решени буквално во последните секунди. Атланта славеше на гости кај Сан Антонио со 137:135, а незапирлив беше Тре Јанг, кој постигна рекордни сезонава 45 поени за победничкиот тим. Одличен кај победничкиот тим беше и Мареј со 24 поени и пет украдени топки. Сан Антонио водеше во поголем дел од мечот, но Атланта не се предаде и на крајот во клучните минути гостите одиграа многу подобро и се радуваа против најслабиот тим во Западната конференција.
Чикаго дури по продолжение од пет минути победи дома против Милвоки со 120:113. Црногорскиот центар Никола Вучиниќ беше најдобар на теренот со 29 поени, 10 скока и шест асистенции, додека кај Милвоки прв играч стандардно беше Јанис Адетокумбо со 26 поени, 14 скока и пет асистенции.
Резултати: Кливленд – Портланд 95:103, Бруклин – Чикаго 128:129, Мајами – Индијана 142:132, Њујорк – Детроит 118:112, Чикаго – Милвоки 120:113 по продолжение, Минесота – Јута 101:90, Оклахома – ЛА лејкерс 133:110, Сан Антонио – Атланта 135:137, Голден стејт – ЛА клиперс 120:114.