Никола Јокиќ беше незадржлив и стигна до нов трипл-дабл во убедливата победа на Денвер против ЛА лејкерс од 133:96. Србинот заврши со 17 поени, 12 скока и 13 асистенции, во меч на кој домаќините константно беа подобри и ги добија сите четири четвртини.
Феноменален беше и Јусуф Нуркиќ во победата на Портланд на гости кај Вашингтон од 115:110. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина мечот го заврши со 23 поени и 14 скока.
Стандардно и Лука Дончиќ беше најдобар кај Далас, тим кој ноќеска славеше против Орландо со 108:92. Словенецот уфрли 23 поени, а имаше и девет скока, плус три асистенции.
Резултати: Милвоки – Торонто 96:103, Вашингтон – Портланд 110:115, Атланта – Њујорк 108:117, Бруклин – Њу Орлеанс 120:105, Мајами – Филаделфија 98:109, Оклахома – Кливленд 102:107, Бостон – Чикаго 114:112, Сан Антонио – ЛА клиперс 101:94, Денвер – ЛА лејкерс 133:96, Далас – Орландо 108:92.