Балотели е на чекор од доаѓање во Парма

Италијанскиот калчолигаш Парма е во преговори за доведување на напаѓачот Марио Балотели. Повремениот италијански репрезентативец на крајот од месецов ќе стане слободен играч бидејќи ќе му истече договорот со Олимпик Марсеј. Тоа значи дека Балотели ќе може да направи трансфер без да биде за него платено ниту едно евро. Засега Парма е главна опција за голгетерот.

И покрај тоа што не постои пречка од друг клуб, преговорите меѓу Парма и Балотели може да не се реализираат, и тоа само поради платата која ја бара Балотели. Во својата не многу импресивна кариера, Балотели ги има носено дресовите на Интер, Манчестер сити, Милан, Ливерпул, Ница и Марсеј. Во дресот на италијанската репрезентација, Балотели досега има одиграно 36 меча, во кои постигнал 14 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести