Балотели и официјално потпиша за Монца

Марио Балотели и официјално е нов член на италијанскиот второлигаш Монца. Екситалијанскиот репрезентативец потпиша договор до крајот на оваа сезона, поточно до 30 јуни 2021 година, откако изминативе месеци ги помина без клуб по разделбата со Бреша.

Балотели ќе има должност да ѝ помогне на Монца да влезе во битка за пласман во елитата, која по 10 меча сезонава стои на деветтото место на табелата во Серија Б со 14 бода.

Ексѕвездата на Интер и Манчестер сити повторно ќе биде соиграч со Кевин Принс Боатенг, со кого ја делеше соблекувалната во Милан.

Инаку, Балотели ја искористи конекцијата со Силвио Берлускони, сопственикот на Монца и поранешниот газда на Милан, за да дојде во клубот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести