Балотели има голема мака пред финалето во Лигата на шампиони

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели ќе биде дел од финалето во лигата на шампиони во Истанбул, но секако како гледач. Некогашната голема надеж, кариерата ја започна во Интер каде играше од 2007 до 2010 година. Потоа од Нераѕурите се пресели во Манчестер сити, каде се задржа до 2013 година.

Сега, токму Интер и Манчестер сити ќе играат во финалето во Лигата на шампиони. Интер има три европски круни, а Граѓаните се надеваат на првиот трофеј во најважното клупско натпреварување на УЕФА. Балотели вели дека не може да се одлучи за кого ќе навива.

„Добив неколку покани да дојдам во Истанбул и најверојатно ќе бидам таму. Ќе седам во средината од трибините, за да се избегнат сите шпекулации. Моето срце е поделено на два дела и не треба ништо повеќе да ви кажам. Би бил најсреќен ако двата тима го освојат трофејот, но знам дека тоа е невозможно“, рече Балотели, кој сега игра во швајцарскиот Сион, клуб со кој има договор до јуни 2024 година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести